Политиката на западните држави по балтичкото прашање традиционално се потпирала на користење на Литванија, Летонија и Естонија во својство на предстража против Русија. Со децении се негувала тезата за советска окупација на балтичките држави во 1940 година, иако во формална-правна смисла, окупација на балтичките држави немало. Денес, тие своите маки сакаат да ги наплатат од Русија.
Советската војска влегла на територијата на Литванија, Естонија и Летонија со целосна согласност од тогашните власти. Доказ за тоа се пактите и договорите за меѓусебна помош потпишани меѓу СССР и балтичките републики, како и договорот на командата на Црвената Армија и советските Воени морски флоти со командите на вооружените сили на Естонија и Летонија и со владата на Литванија.
Сепак, Балтичкото сообрание на 19 декември во 2004 година донело резолуција со име За неопходност на проценка на штетата, нанесени од окупацијата на Прибалтикот. Во резолуцијата, меѓу другото, се кажува дека окупацијата наненла огромна штета на економијата, образованието, културата и интелегенцијата на балтичките држави, поради што прибалтичките држави сериозно заостанале од своите европски соседи. Меѓу другото во резолуцијата се вели дека – окупацијата нанела огромна штета на економијата, образованието, културата и интелигенцијата на балтичките држави, поради што прибалтичките држави сериозно заостанале зад своите европски соседи. Во резолуцијата се повикуваат владите на балтичките држави да иницираат преговори со Русија и Германија за компензација на штетите, нанесени со окупациите.
Да погледнеме, по можност, непристрасно на настанатата ситуација. Во почетокот на 90-те години соседите на Литванија се шегувале на нејзина сметка, дека во текот на годините на окупацијата таа најдобро се припремила за идната независност. Литванија имала најдобри патишта во СССР, сопствена нафтена индустрија, одлично пристаниште и современа атомска електроцентрала. Сепак, во 1997 година таа од Русија, во својство на отштета за последните 50 години живеење во СССР, побарала 286 милијарди долари.
Подоцна сумата се намалила на 20 милијарди и повторно во 2011 година се зголемила на 834 милијарди долари, бидејќи, како што соопштиле во Вилнус, Русија мора да и надомести на Литванија и за затворањето на атомската станица Ингалински, изградена во советското време и затворена по желба на ЕУ. На прв поглед состојбата изгледа парадоксално: Русија (СССР) и изградила на Литванија атомска електрана, ја оставила во одлична состојба, не барајќи за неа ни еден денар – практично ја подарила, додека пак Литванците ја затвориле (од држава-извозник на струја станале увозник) и уште бараат компензација. Покрај тоа, престолнината на Литванија, Вилнус, до 1939 година се наоѓала во составот на Полска, а единствената гордост Клајпед – во рацете на Германија. Благодарение на влегувањето на Црвената Армија на нејзината територија Вилнус и Клајпед биле вратени на Литванија и и биле додадени југоисточните области, кои пред тоа и припаѓале на Белорусија. Да, чудна некоја окупација!
Позицијата на Естонија по прашањето за компензацијата за советската окупација не била така активна како Литванија. Сепак, во 1990 година е формирана комисија на Академијата за науки на Естонија која за занимавала со проценка на штетата. Резултат од работата на комисијата е Белата книга за загубите, причинети на народот на Естонија за време на окупацијата во 1940 – 1941 година. Според нивните податоци, во тој период настрадале 48 илјади луѓе, додека бројот на жртвите на советската окупација достигнал до 111 илјади. Господата академици заедно со стреланите Естонци ги вброиле и депортираните, азилантите, како и тие кои умреле од глад и разни видови болести. За сите страдања на овој свет виновни биле Советите и за тоа Русија би требала да плати по 75 илјади долари, за секој изгубен Естонец – околу 12 милијарди долари. Секако, Русија мора да ја плати и штетата нанесена на екологијата на земјата, како и минимална економска штета од 100 милијарди долари. Претпоставувајќи дека Русија не може да плати толку голема сума, претседателот на државната комисија на Вело Сало изјавил – Нека ни ја дадат на употреба Новосибирската област каде во текот на одреден број на години ќе можеме да сечеме дрва – пишува Александар Дјуков во својата книга Мит за геноцидот. Репресии на советските власти во Естонија од 1940 до 1953 година.
Најмалку активности во правец на претензии кон Русија покажува Летонија. Во 1996 година државното собрание усвои декларација За окупацијата на Летонија, во која не се бара компензација, но се повикува меѓународната заедница да го признае фактот за окупација на Летонија и да помогне во ликвидација на последиците од окупацијата преку политички и економски пат.
Во 2005 година беше донесена уште една декларација. За осуда на тоталитарниот, комунистички и окупациски режим на СССР во Летонија. Во него се вели дека Русија како правно-политичка наследничка на СССР носи морална, правна и финансиска одговорност за извршените злосторства во Летонија против човештвото и штетата која ја нанеле на Летонската држава и нејзините граѓани за време на окупацијата.
Во таа прилика, побарано е на Летонија и нејзините граѓани да се компензираат загубите, нанесени против правните акции. Специјалната комисија подготвила извештај – директната штета на републиките во состав на СССР изнесувала 18 милијарди долари. Во неа влегла еколошката штета нанесена од страна на советските компании и армија, додека индиректната како непостигнатиот БДП, варирала. Ако Летонија останала независна и се развивала со исто темпо како и Финската БДП можел да достигне 231 милијарда, додека во споредба со Австрија овој показател се движел околу 277 милијарди, а со Данска 333 милијарди долари.
Секако, може да се отиде малку подалеку во историјата и тогаш да се потсетиме дека Литванците, Естонците и Летонците, ако Петар Први ги купил со целата земја од шведската кралица Урлике Елеонора (1688-1741) и им дал слобода. Според 4 точки на Ништадскиот мир од 1721 година, на Петар Први и неговите потомци и наследници на Руската држава во целосно неприкосновено вечно владеење и сопственост, се предаваат Лифландија, Естландија, Ингермандландија и дел од Карелија со дистриктот. Русија за отстапената земја на Шведска би и платила 2 милиона јефима, т.е. 56 тони сребро. Според денешен курс 350 милијарди долари. Во тоа време, тоа бил годишен буџет на Шведската империја и половина буџет на Русија. Значи, и Русија од Балтичките земји би требала да бара да и ги вратат парите и да платат за повеќе вековната закупнина за користење на земјата?
Да потсетиме, претседателот на СССР Михаил Горбачов, во замена за признавање на Литванија побарал на Русија да биде предадено пристаништето Клајпед, кое го добиле од СССР, како и исплата на 21 милијарда рубљи. За тоа пишуваше Лента.ру во октомври 2011 година врз основ на откриените извештаи на генералниот конзул на Шведска во Ленинград Даг Себастијан Алендер. Тоа е само работа, ништо лично.
Гласот на Русија – Москва