Семејството на убиениот новинар до екстремистите: Каде е вашата милост?

Од:

Семејството на убиениот новинар, Стивен Сотлоф го повика лидерот на екстремистите Абу Бакру ел Багдади, на дебата за мирољубиво учење од муслиманската света книга „Коран“, пренесе „Ројтерс“.

-Рековте дека месецот рамазан е месец на милост. Каде е вашата милост? Господ не сака агресори- стои во соопштението на семејството, во кое се истакнува дека Сотлоф бил растрган помеѓу два света и дека само сакал да им го даде гласот на оние што го немаат.

Инаку тој бил слободен новинар, кој патувал по Блискиот исток, известувајќи претежно за американските магазини „Тајм“ и „Форин полиси“.

Сотлоф беше киднапиран во август 2013 година во Сирија, откако ја преминал границата од Турција.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија