Федерер спаси две меч топки и се пласира во полуфиналето

Од:

Вториот носител на УС опен Рожер Федерер по голема борба и пет сета, со две спасени меч топки успеа да се пласира во полуфиналето. Тој ноќеска по три и пол часа игра го победи Гаел Монфис со 3:2 (4:6, 3:6, 6:4, 7:5, 6:2) во сетови.

Монфис на убедлив начи ги доби првите два сета, а откако Федерер намали на 2:1, во четвртиот сет (10.гем) Монфис имаше две „врзани“ меч топки и откако не ги искористи, Федерер мечот го сврте во своја корист.

federer5sep

Негов ривал во полуфиналето ќе му биде Марин Чилиќ, кој со 3:0 во сетови (6:2, 6:4 и 7:6) го победи Томаш Бердих. Во меѓусебните дуели Федерер има скор од 5-0 против Чилиќ.

Во второто полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори.

Вечерва на програмата се женските полуфинални мечеви: Шуаи Пенг – Каролине Возниачки и Серена Вилијамс – Екатерина Макарова.

Би можело да ве интересира

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати

ВИДЕО: Шокантна елиминација на Алкараз од УС Опен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

ВИДЕО: Одигран е најлудиот меч во историјата на УО Опен