Терористичката група Исламска држава е закана не само за Ирак и држави од регионот, туку во иднина може да стане опасност и за САД. Тоа го наведе шефот на Здружениот ГШ на американската армија генерал Мартин Демпси.
– Таа група е радикална во идеологијата. Користи безмилосни тактики и е затворена за сите освен за оние кои прифаќаат нивни поглед на светот. Исламска држава е директна закана за регионот, за нашите партнери, а исто така и за САД во долгорочна перспектива, изјави Демпси.
Тој додаде дека по наредба на претседателот Барак Обама, Здружениот штаб разработил стратегија со наччини за водење борба со терористите од Исламска држава.