Претседателката и потпретседателот на Центарот за култура и културолошки студии, Лорета Георгиевска-Јаковлева и Мишел Павловски, денеска ќе се сретнат со потпретседателката на Словачката академија на науките, Дугмар Подмакова.
Средбата е по повод потпишување на договорот за соработка меѓу двете институции.
На средбата ќе присуствува и амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак.