Десетина Американци се борат на страната на џихадистите на „Исламска држава“, објави Пентагон.
– Според наши проценки околу 100 американски граѓани моментално учествуваат во борбите во Сирија. Не знаеме точно кон кои групи, но околу десетина Американци се дел од ИД, изјави портпаролот на Пенгатон полковник Стив Ворен.
Исламската држава контролира региони во Сирија и Ирак.