Дрвокрадци во дебарските православни гробишта

Од:

Дрвокрадци влегле во дебарските православни градски гробишта каде исекле голем број дрвја. Кражбата во Полициската станица и шумската полиција била пријавена од дебарската парохија, откако таа била телефонски известена од граѓанин.

– Откако телефонски бевме известени од граѓанин дека отидовме и водовме што направиле вандалите. Украдени се најмалку 50 кубни метри дрво од долниот дел на гробиштата. Дали е оштетена некоја надгробна плоча сеуште не знаеме, покриени се со гранки од исечените дрвја.Кога ќе се отстранат гранките ќе се знае, вели Благоја Спироски, намесник на парохија.

Според него, благодарение на совесникот граѓанин, спречен е поголем масакр врз дрвјата во гробиштата. Дрвокрадците со моторни пили ги исекле дрвјата, ги складирале во помала должина и со коњи ги префрлиле на непозната локација.
Полицијата информира дека е извршен увид и оти заедно со шумската полиција интензивно спроведуваат истрага за откривање на крадците.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи