Министерот Адеми се сретна со британскиот амбасадор Гарет

Од:

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска се сретна со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија Чарлс Едмунд Гарет.

На средбата, како што соопшти Министерството за образование и наука, се разговарало за досегашната соработка помеѓу Република Македонија и Велика Британија во полето на образованието и наука.

– Министерот Адеми го искажа своето задоволство од соработката меѓу Министерството за образование и наука со Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, со што учениците во Република Македонија ќе учат по истите наставни програми и од истите учебници, како и учениците од Велика Британија, адаптирани на нашите национални особености, се вели во соопштението од МОН.

На средбата било потенцирано оти досегашната успешна соработка меѓу двете земји се остварува и преку стипендиите за втор циклус студии во Велика Британија во рамките на Британската Чевенинг програма за стипендии и Британскиот фонд, која е една од најпрестижните програми за стипендии, наменети за меѓународни студенти за студирање во Обединетото Кралство.

– Чевенинг стипендиите, како што е познато се глобална програма на стипендии на Велика Британија, финансирани од страна на Foreing and Commonwealth Office и неговите партнерски организации. Стипендиите се наменети на исклучителни кандидати со лидерски способности во повеќе области. Оваа програма нуди исклучителни можности за студентите да продолжат со своето образование на магистерски студии на најпрестижните универзитети во Велика Британија, било посочено на средбата.

Била истакната и досегашната соработка со Британскиот фонд, кој секоја година за кандидати од Република Македонија, доделува до шест стипендии за кратки студиски престои на соодветни високообразовани и научно-истражувачки институции во Велика Британија.

Министерот Адеми на средбата истакнал дека Министерството за образование и наука е подготвено да отпочне со реализација на билатерална проектна научна соработка, со што, како што рекол, ќе се овозможи поголемо учество на научните институции од земјава во Европските рамковни програми.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски