ЦГК: Институциите за исти производи и услуги плаќаат цени со големи разлики

Од:

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави Индексот на рационалноста бр. 11 кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале електрична енергија, вакцина против тетанус, асфалтирање на улици, ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти и ангажирање работници за уривање на бесправно изградени објекти.

Најголема разлика во цените е евидентирана при набавката на услугата за ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти, а најмала разлика во цените е констатирана во набавката на услугата за асфалтирање на улици.

Поконкретно евидентирани се следните разлики:

-електричната енергија е купувана по цени кои се движат од 3,46 денари до 6,25 денари за 1 KWh, со што највисоката цена е за дури 81% повисока од најниската;

-вакцината против тетанус од 0,5 мл ги чинела здравствените институции од 37,14 до 74,87 денари, со што највисоката цена е за 102% повисока од најниската;

-асфалтирањето улици ги чинело општините од 757 до 1.239 денари за м2, што значи дека највисоката цена е за 64% повисока од најниската;

-ангажирањето механизација за уривање бесправно изградени објекти (камион со дигалка од 8 тони) ги чинело општините од 2.588 денари до 7.678 денари за 1 час, со што највисоката цена платена за оваа услуга е за 2 пати поголема од најниската цена и

-ангажирањето работници за уривање бесправно изградени објекти ги чинело општините од 177 до 512 денари за 1 час, со што највисоката цена е за 189% повисока од најниската.

Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен овде.

Би можело да ве интересира

Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Приведен возач од Крива Паланка, управувал возило со брзина од 142 км на час на место каде е дозволено 70 км на час

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

Меџити: „Влен“ станува партија од наредната недела, Таравари се самоисклучи од коалицијата

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот