Приведени тројца Албански државјани кои нелегално престојувале во Македонија

Од:

Троца албански државјани кои нелегално влегле во Македонија биле откриени и приведени од полицијата во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Двајца од илегалците И.З. (19) и И.М. (23) биле откриени вчеравечер околу 20 часот и 30 минути во месноста „Цигански гробишта“ во атарот на тетовското село Јажинце. Тие биле забележани, а потоа приведени од службеници на Полициската станица за граничен надзор Рогачевово при обид илегално да влезат во нашата земја од територијата на Косово.

– Албанските државјани, од кои едниот имал, а вториот немал никакви документи, се задржани во Полициската станица Тетово и денеска се предадени за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, изјави Јосифовски.

Третиот албански државјанин Ф.Ѓ ( 21 ) од Кукс, кој непријавено престојувал на подрачјето, бил фатен ноќеска половина час по полноќ во близина на бачило во атарот на Селце-Кеч. Јосифовски рече дека и тој е задржан и предаден за натамошна постапка, по што тројцата ќе се соочат со законски предвидените санкции за нелегален влез и непријавен престој, а ќе бидат и депортирани во нивната матична земја.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи