7-кратниот шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер ги повратил моторните функции и би требало да се врати дома за Божиќ.
Тој на 29. декември доживеа несреќа кога со главата удрил во карпа при скијање и се здоби со тешки повреди, по што долго се наоѓаше на лечење во болница во Гренобл.
Легендарниот возач, по несреќата долго се наоѓаше во вештачки предизвикана кома, а кога ја повратил свеста, 16. јуни, пренесен е во клиника за рехабилитација во Лозана.