Во моментов нема поволни услови за доставка на првиот носач на хеликоптери „Мистрал“, планирана за октомври, од Франција за Русија, соопшти кабинетот на францускиот претседател, Франсоа Оланд, спомнувајќи ја како причина кризата во Украина.
– И покрај најавите за прекин на огнот, кои треба да бидат потврдени и реализирани, засега нема такви услови, се наведува во соопштението, објавено еден ден пред самитот на НАТО во Велс.
Кабинетот на францускиот претседател ги означи борбите во Украина како тешки и нагласи дека изминатите активности на Русија во источна Украина ги поткопуваат основите на безбедноста во Европа.