Петтиот „Појдок на мост“ на 14-ти септември

Од:

Манифестација „Појадок на мост“ оваа година ќе се одржи на 14 септември,  на два моста – Камениот и Око, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот на Скопје Коце Трајаниовски.

– Посетителите кои сакаат да учествуваат на појадокот, ќе можат да ги подигнат билетите од пунктот што ќе биде поставен пред ресторанот „Пелистер“ од 6 до 11 септември. Билетот ќе биде бесплатен, рече Трајановски.

Посочи дека присутните ќе бидат забавувани од улични музичари, а во организацијата на манифестацијата ќе помогнат учениците од средното угостителско училиште „Лазар Таневски“. За оваа манифестација, рече Трајановски, Градот издвои 600.000 денари, но обезбедени се средства и од донатори.

Директорот на средното угостителско училиште Зоран Николовски појасни дека за подготовка на манифестацијата ќе бидат вклучени 600 лица. Појадокот нема да содржи свински месо за да биде, како што кажа, прилагоден за сите вери. Храната ќе биде спакувана по ХАЦЦП стандардите. Оброкот ќе биде безбеден и прилагоден за условите каде што ќе се послужува.

За оваа година ќе бидат обезбедени 200 влезници за странски посетители кои ќе можат да ги добијат преку туроператорите во градот.

Годинашниот „Појадок на мост“ ќе биде од 9 до 11 часот, а ќе  може да присуствуваат 2.700 луѓе.

Би можело да ве интересира

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски