ХРВ: Исламските екстремисти убиле 770 ирачки војници

Од:

Џихадистите од „Исламска држава“ убиле меѓу 560 и 770 ирачки војници, кои биле заробениво јуни кога екстремистите освоиле воена база во близина на Тикрит, соопшти денеска меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“(ХРВ).

„Хјуман рајтс воч“ истакна дека оваа бројка на убиени ирачки војници неколику пата е поголема од таа што порано беше соопштена, пред се, во извештајот во кој беше наведено дека во базата „Камп Спајхер“ се убиени меѓу 160 и 190 ирачки војници, пренесоа американските медиуми.

Новите податоци се темелат на анализи на нови сателитски снимки, воени видео записи и изјави на преживеани.

„Исламска држава“ во јуни соопшти дека убила околу 1.700 ирачки војници и воен персонал од базата „Камп Спајхер“.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак