Ново видео е поставени на интернет на кое припадниците на Исламската држава го погубуваат американскиот новинар Стивен Сотлоф.
Видеото е поставено две недели по видеото со погубувањето на американскиот новинар Џејмс Фоли.
Стивен Сотлоф тогаш се појави на снимката кога беше погубен американскиот новинар Џејмс Фоли, а киднаперите се закануваа дека Сотлоф е следниот што ќе биде погубен доколку американскиот претседател Барак Обама не ги прекине воздушните напади на Ирак.
Минатата недела, мајката на заробениот новинар , Ширли Сотлоф, упати видео порака преку телевизијата Ал-Арабија во која го молеше лидерот на исламската држава Абу Бакр ал-Багдади да го ослободи нејзиниот син.