Кипарската Влада ги осуди изјавите дадени од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на неговата посета на Северен Кипар, која е прва надвор од Турција како шеф на државата.
– Освен фактот што посетата на Ердоган на Северен Кипар беше незаконска, ние ја осудуваме секоја негова изјава во која се споменува решавањето на кипарското прашање надвор од рамките на соодветни резолуции на ОН, на договорите од 1977 и 1979 година. Исто така, ги сметаме за неприфатливи и честите повици за интервенција на Грција во дијалогот, како дел од напорите за „израмнување“ на одговорностите за натамошната окупација на кипар, за која единствено Турција е одговорна, се наведува во писмената изјава на портпаролот на кипарската Влада, Никос Христодулидис.
Тој истакна дека Кипар очекува од Ердоган, чија земја е кандидатка за членство во ЕУ, прво да ја покани Унијата за интервенција во дијалогот.