Министерот за образование Панче Кралев порача дека општина Чаир треба да постапи согласно препораките на Државниот просветен инспекторат и во согласност со законските прописи во Република Македонија. Инспекторатот вчера препорача и да се реазрешат директорите на четирите училишта во Чаир, на што градоначалникот Изет Меџити возврати дека ќе бара разрешување на министерот.
Кралев го осуди и вчерашното интонирање на химната на Албанија на државниот универзитетот во Тетово.
„Ние го осудуваме тој чин, затоа што станува збор за државен универзитет и при вакви настани треба да се интонира државната химна, вели Кралев. Ова не е законска регулатива и предмет на Министерството за образование и наука, надлежните институции се тука да одлучат дали ќе постапат согласно законите“, рече Кралев.