Американските власти побараа од севернокорејските власти да ослободат тројца приведени американски граѓани од „хуманитарни причини“ и на еден од нив да дадат специјална амнестија за укажување на медицинска помош.
Американците Кенет Бе, Џефри Фаул и Метју Милер ја повикаа Владата на САД да им помогне да се вратат дома. Тие упатија молба во интервју за Си-Ен-Ен, договорено од севернокорејските власти.
Бе остлужува 15-годишна затворска казна, а останатите чекаат судски процес.
– Нема поголем приоритет за нас од благосостојбата и безбедноста на граѓаните на САД во странство. Ние продолжуваме да работиме активно, за да обезбедиме ослободување на американските државјани, изјави портпаролката на Стејт департментот Џен Саки.