Странски новинар ги посети американските затвореници во Северна Кореја

Од:

Властите во Северна Кореја му дозволија денеска на странски новинар пристап до тројцата американски затвореници, кои побарале од Вашингтон да испрати високи претставници кои ќе преговараат за нивно ослободување.

На двајца од Американците треба да им се суди во следните 30 дена, а тие се уште не знаат зошто се обвинети, иако властите во Северна Кореја тврдат дека ги прекршиле правилата кои ги имале како туристи, додека еден нивни сонародник е веќе осуден на 15 години затвор.

На тројцата затвореници им било дозволено во присуство на севернокорејски службеници кратко да разговараат со новинарот, а прашањата кои тој им ги поставувал не биле цензурирани.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија