„ДНР“ и „ЛНР“ ја изнесоа преговорачката платформа пред Контакт групата во Минск

Од:

Во главниот град на Белорусија почнаа денес консултациите на Контакт-групата за решавање на кризата на југоисточниот дел на Украина, јави ИТАР-ТАСС.

Руската државна агенција од Доњецк пренесува дека на консултациите на претставниците на самопрогласените „Доњецка“ и „Луганска Народна Република“ („ДНР“ и „ЛНР“) ја изнесле преговарачката позиција залагајќи се за рамноправност во преговорите, што е „единствениот прифатлив начин за решавање на конфликтот и враќање на мирот“.

Меѓу другото, „ДНР“ и „ЛНР“ бараат признавање на посебниот статус на нивната територија, прекинување на воените операции на украинските сили заради оддржување на слободни избори и признавање на статусот на рускиот јазик.

Исто така, тие особено инсистираат на статусот за нивните вооружени формации и правата на именуваните адвокати и судии.

Истовремено, како што се истакнува, потребно е да се спроведе безусловна амнестија на учесниците на востанието и сите политички затвореници, наведува ИТАР-ТАСС.

„ДНР“ и „ЛНР“ бараат и посебен систем на надворешно-економските активности со уважуање на јакнењето на интеграцијата со Русија и Царинската унија.

Во случај на исполнување на наведените барања, „ДНР“ и „ЛНР“ гарантираат дека ќе „вложат максимални напори за поддршка на мирот, сочувување на единствениот економски, културен и политички простор на Украина и целиот простор на руско-украинската цивилизација“.

Вицепремиерот на „ДНР“, Андреј Пургин соопшти дека во Минск се донесени предлози што се насочени кон брзо завршување на судирите и намалување на бројот на жртвите.

Контакт-групата ја претставуваат поранешнот украински претседател, Леонид Кучма, амабадаорот на Русија во Украина, Михаил Зурабов и претставникот на претседателството на ОБСЕ за Украина, Хајди Талјавини.

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски