Реконструиран асфалтот пред автобуските станици на „Кузман Јосифовски Питу“

Од:

Деновиве заврши целосната реконструкција на последната сообраќајна лента пред двете автобуски стојалишта на булеварот „Кузман Јосифовски Питу”, поточно пред Комплексот банки и трговскиот центар „ВЕРО”.

Последната сообраќајна лента пред Комплексот банки се реконструираше на потег со вкупна должина од 200 метри пред и по автобуската станица, каде што беше изваден стариот тампонскиот слој и поставен нов. Оштетениот и вдлабнат површински асфалтен слој беше изгребан, а се санира и потповршинскиот слој до длабочина од еден метар. Покрај реконструкцијата на сообраќајната лента, извршена е и нивелација на постојните шахти и сливници, соопшти Град Скопје.

Последната сообраќајна лента пред трговскиот центар „ВЕРО” се реконструираше на потег со вкупна должина од 102 метри пред и по автобуската станица. Извршена е санација на површинскиот асфалтен слој, а на делови, каде што имаше поголемо оштетување, беше саниран и потповршинскиот асфалтен слој.

Градот Скопје за овој зафат потроши околу 7 милиони денари со ДДВ и тоа 5 милиони денари за сообраќајната лента пред Комплексот банки и околу 2 милиона денари за сообраќајната лента пред трговскиот центар „ВЕРО”.

Градежните работи на реконструкцијата на последните сообраќајни ленти пред двете автобуски стојалишта на булеварот „Кузман Јосифовски Питу” ги изврши компанија „БАУЕР БГ”.

Како дел од големиот проект за реконструкција на крајните сообраќајни ленти пред и по автобуските станици, Градот Скопје досега изврши реконструкција на асфалтот од двете страни на улицата „Димитрие Чуповски”, а во моментов се врши и реконструкција на булеварот „Крсте Петков Мисирков” од страната на МАНУ.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски