Лидерите на ЕУ ќе бидат присилени да га засилат санкциите кон Русија доколку Москва продолжи воено да интервенира во источна Украина, соопшти денеска францускиот претседател Франсоа Оланд.
– Тоа што се случува во Украина е толку сериозно што Советот на Европе ќе биде присилен да реагира со засилување на санкциите доколку работите останат вакви, истакна Оланд по доаѓањето на самитот на ЕУ, пренесоа британските медиуми.
Францускиот претседател објасни дека предуслов за засилување на санкциите е докажаното присуство на оружјето што доаѓа од Русија и војниците кои преминале од руска територија во Украина.