Осуммина високо позиционирани членови на „Муслиманско братство“ добија доживотни затворски казни

Од:

Судот во градот Гиза во Египет на доживотен затвор осуди осуммина високо позиционирани членови на забранетото египетско движење „Муслиманско братство“, меѓу кои е и лидерот Мохамед Бадија, пренесоа светските агенции.

Тие беа обвинети за поттикнување насилство во протестите што прераснаа во судири по минатогодишното отстранување од власта на претседателот на Египет Мохамед Морси, кој беше поддржан од „Муслиманско братство“.

Во протестите загинаа и беа ранети десетици лица.

Во јуни за истото кривично дело осуммината добија смртни казни, но судот одлучи да се слушне и мислењето на великиот муфтија на Египет, кој се изјасни против смртните казни и кажа дека шеријатот не може да ги оправда, потсетува ДПА.

Од овие причини судот денеска одлучи да ги смени казните од смртни во доживотни.

За истото дело, меѓутоа, беа потврдени смртните казни на други шестмина судени членови на „Муслиманско братство“. На нив им се судеше во отсуство.

Мохамед Бадија беше осуден на смрт и на доживотен затвор за уште две кривични дела, но овие казни  тој може да ги обжали, потсетуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро