Кери бара глобална коалиција против „Исламска држава“

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери се заложи за формирање глобална коалиција на држави кои ќе се борат против „геноцидниот план“ на џихадистичката организација „Исламска држава“ во Сирија и северен Ирак.

Кери, во уводникот на „Њујорк тајмс“ побара обединета акција предводена од САД и најширока можна коалиција на држави.

Кери истакна дека тој и секретарот за одбрана чак Хејгел ќе разговараат со дипломатите од европските сојузнички држави со цел создавање глобална коалиција.

Американскиот претседател Барак Обама најави дека ќе го изнесе планот за борба против „исламистичка држава“ на самиот на Советот за безбедност на ОН во септември, кога САД ќе претседаваат со тоа тело.

– Ние ќе ја искористиме таа можност да продолжиме со градење широка коалиција и укажување на опасноста која ја претставуваат странските терористи, вклучувајќи ги и оние кои се придружиле на „Исламска држава“, вели Кери.

Тој истакна дека после самитот на НАТО во Велс, заедно со Хејгел ќе отпатува на Блискиот исток за да изградат поддршка „меѓу земјите кои се најдиректно загрозени“.

– Нема да дозволиме канцерот, во вид на „Исламска држава“ да се прошири на други земји. Светот е во состојба да се спротивстави на ова зло и да го порази, категоричен е американскиот државен секретар.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија