Осма „Смоквијада“ во Гевгелија

Од:

Во Гевгелија денеска ќе се одржи осми натпревар во варење слатко од зрели смокви „Смоквијада 2014“, во организација на здружението на граѓани „Тера“ и со финансиска и логистичка поддршка на општината.

Натпреварот ќе почне во 20 часот на ракометното игралиште во Гевгелија. Најавено е учество на 17 екипи кои ќе варат слатко од зрели смокви по свој рецепт. Победниците ќе бидат прогласени утре на градскиот плоштад. Целта на натпреварот е да се зачува традиционалниот начин на готвење слатко од зрели смокви.

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов на прес-конференција во пресрет на манифестацијата рече дека таа прераснува во гевгелиски бренд.

– Посебно не радува што слаткото од смокви, кое се подготвува речиси во секој гевгелиски дом, ќе се прави пред очите на јавноста и на тој начин ќе се презентира една долга традиција, рече Франгов.

Пред почетокот на натпреварот, на градското шеталиште ќе има фолклорно дефиле, а во културно-уметничката програма ќе учествуваат Наум Петрески, Даниел Кајмакоски и Иван Раденов, групи од Гевгелија и гости од Србија и Хрватска.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски