ФОТО: Патувачкото кино на Македокс го заврши годинашното патување во Слоештица

Од:

Патувачкото кино на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ од 17 до 28 август имаше проекции на 18 документарни филмови во Крушево и во селата Журче, Жван, Единаковци, Слепче, Смилево, Суводол и Кутретино, Сопотница и Слоештица.

-Со оглед на големата посетеност од локалните жители, Патувачкото кино, во сите села низ демирхисарскиот регион во кои помина, успеа да ја оствари својата мисија непосредно да влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да овозможи кинопроекции во мали и рурални места, велат организаторите на Македокс.

makedoksSloesnica1

Последната проекција на петото Патувачко кино на „Македокс“ се одржа во селото Слоештица вчера вечер, каде заедно со домаќините од Арт Поинт Гумно учествуваше во реализацијата на манифестацијата „Славење на Пирејот“ и во прославата на празникот Голема Богородица.

-Кругот се врти, кромидот расте од кромид, приказните се раскажуваат усно, пишано, преку врамени или движечки слики. Не е ни важно како, важно е да ги има и да се раскажуваат. А пирејот расти кај и да падни, севезден оживува, потерува, така екипата на „Македокс“ беседеше пред гробот на великанот Петре М. Андреевски. Патувачкото кино заврши во неговото родно село Слоештица. Реалниот живот од приказните на креативните документарни филмови го проектиравме во една нова реалност, откриена на падините на Плакенска планина. Краткиот филм за Слоештица, звукот на гајдата на Ангел Петковски од Вирово и филмот „Карпо патник“ на Матјаж Иванишин го затворија осмото издание на киното под отворено небо. Крајот на патувачкото кино, можеби, е нов почеток, открива желба да останеме тука. Тешко ни е да се разделиме од овој прекрасен предел, велат од фестивалот.

makedoksSloesnica

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ и Патувачкото кино се поддржани од Националната фондација за демократија од Вашингтон, Амбасадите на САД, Холандија и на Шпанија во Скопје, Министерството за култура на РМ и Агенцијата за филм на РМ, Градот Скопје и Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска