Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска изјави дека Киев има информации за плановите на Русија оваа зима да го запре гасот за Украина и за Европа, соопштија британските медиуми.
– Ситуацијата во енергетскиот сектор на Украина е тешка. Знаеме за руските планови за запирање на транзитот на гас зимава, дури и за земјите од ЕУ, посочи Јацењук на седница на Владата.
Минатата година половина од рускиот извоз на гас за ЕУ мина преку Украина.
Украинскиот премиер изрази надеж дека на 29 август Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе донесе долука за нова транша, што ќе овозможи стабилизирање на ситуацијата на монетарениот пазар на земјата, информира ИТАР-ТАСС.
Според Јацењук, за Украина прифатлив е курсот од 12 гривни за долар.
– Друг курс не би можеле да поднесеме, изјави тој, дополнувајќи дека се прави се што е можно за стабилизирање на курсот на гривната.
Гривната вчера поевтини до својот историски минимум на одгласите за тешката економска криза и борбените дејствија во источните делови на земјата. Официјалниот курс на гривната, определен од националната банка, се намали до 13,65 гривни за долар и 18,03 гривни за евро.