Завршен концерт на првата Летна амадемија по пијано во Охрид

Од:

Со завршен концерт на учесниците, вечерва во Охрид ќе биде затворено првото издание на Летната академија за пијано, во чии рамки од 17 овој месец беа одржани десетина концерти и музички работилници од отворен карактер.

Како што истакна Зоран Имшировиќ, уметничкиот директор на Академијата, изминатите десет дена биле мошне работни и интензивни, со разновидни концерти, како со изведба на класични така и со исполнение на модерни дела за пијано.

– Нашите учесници се мошне задоволни од курсот. Се надевам дека ги исполнивме првичните очекувања, независно што проектот е од пилотски карактер. Нашите амбиции се во иднина со поголема поддршка, како на институциите во земјата, така и преку спонзорства, да направиме идната година уште поголем и подобар фестивал, истакна Имшировиќ на денешната прес-конференција.

Тој изрази задоволство што во рамки на Летната академија имало можност во рамки на отворените денови да настапат и уметници кои воопшто не биле дел од работилницата.

Професорот Клаус Шилде, инаку еминетен музички педагог и пијанист, еден од најзначајните претставници на германската клавирска традиција и поранешен претседател на високите музички школи во Минхен, Берлин, Детмонд, Токио, од своја страна истакна дека тука во Охрид имал десет дена интензивни курсеви по пијано, во просториите на Основното музичко училиште „Методиј Патче“.

– Навистина е реткост во еден релативно мал сконцентриран простор да се работи толку интензивно. Репертоарот на учесниците беше мошне сеопфатен, тука открив мошне големи таленти, забележав како младите уметници реагираат на она што можев да им го пренесам како мое искуство. Навистина ми е мило што го разбираа она што се обидував да им го пренесам, не како некаков мој начин на изведба на композициите, туку да го нагласат своето, индивидуалното, она што сака секоја млада личност да го пренесе како емоција при свирењето, рече професорот Шилде.

На летната академијата по пијано во Охрид учествуваа 14 уметници од Јапонија, Јужна Кореја, Турција, Унгарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, од кои повеќето се светски признати уметници, мошне ангажирани пијанисти и професори на музички академии во своите земји.

Инаку, слични академии се одржуваат на повеќе инспиративни локации низ светот, како Верона, Боденското Езеро во Германија и други места. Охрид беше избран да биде дел од ваквите работилници, поради својата природна убавина и богатото културно наследство како дамнешен едукативен центар.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид