Пјонгјанг: САД се гробишта на човековите права

Од:

Заради бруталниот однос на полицијата кон црното население и кон демонстрантите во американскиот град Фергусон, Северна Кореја ги нарече САД „гробишта на човековите права“.

Бел полицаец пред две недели го уби невооружениот црн тинејџер Мајкл Браун (18) во предградието на Фергусон, Сент Луис, по што секојдневно во Фергусон се одржуваа протести, кои често пати прераснуваа во судири меѓу полицијата и демонстрантите.

– САД навистина се земја на безочно прекршување на човековите права во која луѓето се предмет на дискриминација и понижување заради нивната раса и се во постојан  страв дека во секој момент  можат да добијат куршум, рече портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Северна Кореја, која редовно ги осудува Вашингтон и другите западни земји за огромни прекршувања на човековите права, истакна дека САД немаат право да им судат на другите.

– Би било подобро доколку САД си ја гледаат својата работа, место да се мешаат во внатрешните работи на другите земји, истакна портпаролот.

Убиството на Браун, на 9 август, и полициското грубо сузбивање на протестите предизвикаа  критики од државните  медиуми во Кина, Иран, Русија и Египет.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија