Погрешниот начин за постигнување на политичка согласност во Авганистан

Од:

Кога претседателот Обама во 2011 година објави повлекување на сите американски војници од Ирак, тој беше оптимистичи настроен за иднината на земјата. Американските војници можат „да се гордеат со својот успех“, рече тој и „беше уверен“ дека Ирачаните „ќе изградат иднина достојна за својата историја како лулка на цивилизацијата“.

Сегашната ситуација со граѓанската војна, хуманитарниот ужас и политичкиот јаз, нема ништо заедничкио со светлите предвидувања на Обама. Така што човек може попрво да се зачуди дека тој продолжува да ја следи истата стратегија и во Авганистан, заснована на истата расчинета теорија за човечкото поведение.

Стратегијата е да бидат повлечени сите американски војници. Теоријата која е слаба по веројатност, и гласно демантирана во Ирак, е дека лидерите ќе бидат повеќе склони на политички компромиси кога се чувствуваат загрозени и запоставени, отколку кога се чувствуваат сигурни.

Ниту во Ирак беше разговарано за продолжување на американската воена мисија, ниту пак во Авганистан. Наместо тоа, прашањето беше дали кога мисијата ќе заврши, ќе бидат ставени на располагање помал број на војници – десет до петнаесет илјади, беше бројката спомната од некои генерали. Нивната работа ќе биде да обучуваат и да ги помагаат локалните сили и, најважното, да се подржи некакво американско влијание за да се насочуваат младите демократии кон компромиси, кон почитување на човековите права и за граѓанска контрола врз армијата.

Одговорните лица од средниот раководен состав во Белата куќа се обидоа да направат нешто слично и во Багдад, дури по заминувањето на американските војници. Но тие всушност не се покажаа посебно влијателни – премиерот Нури ал Малики, без поддршката од САД, очекувано се сврте кон своите подржувачи во Иран и кон шиитските милиции.

Напредокот кој беше кој постигнат во соработка помеѓу шиити, сунити и курди, беше свртен со главата наопаку; професионалците обучени од САД беа „истерани“ од министерствата за одбрана и за внатршени работи, за сметка на своите луѓе донесени според припадноста во земјата

Луѓето прашуваат: „Не значи ли тоа дека никогаш нема да ги повлечете војниците од Авганистан?“, изјавил службеник во Белата куќа, цитиран во весникот Њујорк тајмс. Одговорот на Обама, според ова лице, бил: „Не, тоа всушност покажува колку е неопходно да постои политичка согласност. Има граници на тоа што можеме да постигнеме без политички процес“.

Се разбира, тоа е точно. Но кој е најдобриот начин да се постигне политичка согласност? Откако Обама објави дека ќе ги повлече сите американски војници од Авганистан до крајот на својот втор мандат, не зачудува тоа што авганистанските фракции почнаа да бараат начини да се заштитат и да си гарантираат опстанок ако државата почне да се распаѓа. Двајцата кандидати за претседател, Ашраф Гани и Абдула Абдула, искажаа лични претензии за позицијата, и обидите на државниот секретар на САД, Џон Кери, да договори компромис се сега во опасност. Новинарката од Вашингтон пост, Памела Констабл, во средата напиша дека „растат стравовите дека кревкиот преоден процес во Авганистан може да се претвори во насилен“.

Кој е најдобриот начин да се избегне еден таков колапс? Да се предложи поддршка и соработка со оние кои се обидуваат да направат компрмис? Или да одмавнеш со прстот, да се свртиш и да си заминеш? Во последниве три години, Ирак го даде одговорот на ова. Обама изгледа е решен повторно да го спроведе тој експеримент.

Вашингтон пост – Вашингтон

Би можело да ве интересира

Во САД се одржа голем митинг против абортусот, а зборуваше и новиот потпретседател: „Сакам што повеќе бебиња во земјата“

А1он

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД