Собраниската Kомисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2014 година, која почна вчера.
Со ребалансот е предвидено интензивирање на изградбата на Коридорот 10, реалокација на средства меѓу буџетските корисници во рамки на обезбедената маса на плата, обезбедување дополнителен износ во Фондот на ПИОМ, надминување на последиците од елементарните непогоди во општините, а истовремено незагрозување на исплатата на обврските.
Согласно собранискиот Деловник, расправата по предложениот ребаланс во Комисијата треба да заврши за 10 дена. На предложениот ребаланс поднесени се 236 амандмани.