На семејството на Јапонката која изврши самоубиство палејќи се со бензин, операторот на нуклеарната централа Фукушима „Тепко“ треба, според денешната судска одлука, да исплати отштета од околу половина милион долари.
Тоа е првпат судот на операторот да му нареди да плати компензација за самоубиство поврзано со катастрофата од 2011 година.
Хамако Ватанаме (58) паднала во депресија откако била принудена да замине од куќата поради нуклеарната катастрофа во нуклераката Фукушима во 2011 година. Меѓу стотината илјадници луѓе евакуирани од околното подрачје поради страв од радијација, била и Хамако Ватанаме, која се полила со бензин и запалила кога и било дозволено привремено да се врати во домот во јуни 2011 година.
Нејзиниот сопруг и трите деца го тужеа „Тепко“ барајќи отштета, бидејќи присилната евакуација предизвикала симптоми на депресија кај Хамако. Судот пресуди семејството да добие отштета од 472 илјади долари.