Морнарицата на Мјанмар конфискува над два милиона таблети екстази во близина на границата со Тајланд, што е најголемата заплена во историјата на оваа азиска земја.
Морнарицата минатата недела заплени 2.385 тони екстази во рибарски чамец, а 15 лица се уапсени.
ОН соопшти дека Мјанмар (поранешна Бурма) станал еден од најголемите производители на синтетички дроги во југоисточна Азија, како што се метамфетамин и „кристален мраз“.