Иран се закани дека ќе го зголеми обемот на вооружувањето на Палестинците

Од:

Официјален Техеран се закани денеска дека значително го зголеми обемот на вооружувањето за Палестинците на „окупираниот Западен Брег“ како реакција на откриеното и соборено, израелско шпионско беспилотно летало, над територијата на Иран.

Инцидентот со леталото се случи во саботата,во реонот кај иранските нуклеарни постројки во Натанц,околу 150 километри јужно од Техеран.

Авионот бил соборен додека „шпионирал“ над постројките во кои се произведува збогатен ураниум.

Висок воен функционер на иранската Револуционерна гарда изјави дека освен вооружувањето на Палестинците на Западниот Брег за нивната борба со Израелците,Иран го задржува и правото на „секаков вид одговор“ за шпионирањето на иранската територија.

Медиумите во Техерен му дадоа широк публицитет на собореното израелско летало,додека локалните телевизиски станици прикажуваа остатоци од соборениот авион,но на ниту една снимка не можеше да се видат ознаки кои ќе потврдеа дека навистина станува збор за израелски авион.

Израел засега одбива да коментира,ниту да ги потврди,или демантира обвинувањата од Техеран. Инцидентот со беспилотното летало се случува во време додека траат преговорите меѓу големите сили и Иран околу неговата контроверзна нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари