Курдските милиции пешмерга ја враќаат контролата врз териториите одземени од „Исламска држава“

Од:

Курдските милиции пешмерга, помогнати од ирачките воено-воздухопловни сили, успеаја да ја повратат контролата врз три села на североисток од Багдад, што беа заземени од џихадистите од „Исламска држава“, и да одбијат два напада на исламистите во друг регион, соопштија официјални курдски извори.

Како што пренесуваат француските медиуми, курдските сили, поддржани од ирачката авијација, денеска презедоа три села во реонот на градот Џалаула, во источната провинција Диала.

Тие ја повратија контролата и врз еден од главните патишта, што бунтовниците ги користат за превезување борци, оружје и храна, соопшти генерал на курдските сили пешмерга.

По северно, бунтовниците извршија два напада врз град со доминантно шиитско население, што се наоѓа на 175 километри северно од Багдад, но беа одбиени од пешмергите, повторно со помошта на ирачката воена авијација.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Заврши драмата во рускиот затвор, објавија Русите: „Сите ги ликвидиравме“

Предраг Петровиќ

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски