Претставник на виетнамското Министерство за надвоешни работи, на прес конференција, денеска соопшти дека Виетнам и официјално изразил жалење поради антикинеските протести што резултираа со демолирање на дваесетина фабрики, петмина убиени десетици ранети кинески работници.
Ова е прво јавно извинување поради инцидентите, а доаѓа со одлагање најмногу поради напнатите односи меѓу двете држави по поставување на кинески нафтени платформи во Јужното Кинеско Море на територија на која право на сувереност полага Виетнам.
Портпаролот на виетнамското министерство за надворешни работи, соопштувајќи ја изјавата за жалење поради немилите настани, потврди дека од утре во официјална посета на Пекинг патува виетнамска делегација на чело со генералниот секретар на Политбирото на виетнамската комунистичка партија Ле Хонг Ан. Тој во Кина ќе има средби со повеќе високи личности на кои, како што е соопштено, ќе се побараат решенија за смалување на напнатоста меѓу двете држави и ќе се утврдат мерки за да не се повторат настаните од мај годинава.