Книгата „Моите ведри“ од Вера Чејкоска е добитник на нагрaдата „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Срушките вечери на поезијата за 2014 година.
Претседателот на жири-комисијата Елизабета Шелева на денешната прес-конференција каде беше соопштен добитникот, посочи дека авторката во својата петта книга „Моите веди“ вградува интересни конструктивни елементи од соверемните науки, чии откритија според имагинациската смелост и широчина се граничат со уметноста и мистицизмот.
– Книгата „Моите веди“ е интересен жанр, во кој се обединети текстови, кои претставуваат есеи. Тука се поместени и коментари, кои го засегаат насловот од индиските свети книги – ведите, појасни Шелева.
Според образложението од жирито, Чејкоска е оформен и признат поетски профил во современата македонска поезија, која негува една нетрадицонална визија на поетската практика и има нагласени метајазични и метапоетски опсервации. Таа по вокација е истакнат научник од областа на физиката и сеизмологијата, а ова се рефлектира во нејзиното поетско творештво, односно во книгата „Моите веди“.
Чејкоска нагласи дека е чест да се добие наградата, која го носи името на браќата Миладиновци.
– Наградата го носи името на нашите преродбеници, родени во оваа прекрасна Струга крај езерските води. Сум присуствувала на повеќе изданија на Струшките вечери на поезијата, каде се одржуваат востановените содржини на овој светски поетски фестивал, но убаво е и што се одржуваат нови мултимедијални настани што на фестивалот му даваат посебен шарм, додаде Чејкоска.
Жири комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ втора година работи по нов правилник, што според членовите, ја прави нивната работа транспарентна и аргументирана. Со правилникот опфатена е тајноста на членовите на жирито, кои се обврзани на тајност и дискреција, да доставуваат аргументирани анализи секој поединечно, за целокупната продукција и за петте книги, кои влегоа во потесен избор. Документираните ергументи се чуваат во архивата на Струшките вечери на поезијата.
– Донесовме правилник, со кој тежнеевме да направиме нешто што ќе овозможи фер постапка, а во исто време да останат и документи како течел процесот за донесувањето на одлуката. Верувам дека ќе биде интересно и за идните поколенија, кои ќе истражуваат, ќе видат дека во архивата на Струшките вечри на поезијата има матерјали, кои ќе сведочат за тоа каква била поетската продукција во Македонија и кои естетски, литерарни критериуми биле дел од тој процес при донесување на одлуката, рече доректорот на фестивалот СВП Мите Стефоски.
На годинашниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ пристигнале 34 пријавени автори, а во потесна селекција влегоа „Лични податоци“ од Владимир Илијевски, „Кожа“ на Наташа Сарџоска, „Полнотија“ на Јован Стрезоски и „Поврзи ги точките“ на Николина Андова Шопова.