Шпанската полиција денеска соопшти дека во соработка со американската Агенција за спречување на шверц на наркотици уапсила шестмина членови на колумбиски наркокартел и запленила 240 килограми кокаин.
Истрагата била покрената во април откако полицијата дознала дека еден државјанин на Шпанија со повремен престој во Колумбија шверцува кокаин во Европа.
По дојавата дека шефот на картелот, неговата сопруга и четворица членови на наркобандата допатувале од Колумбија во Шпанија, полицијата извршила рација на три локации во Мадрид и ги уапсила сите осомничени.
Дргата била скриена во јахта во пристаништето Ел Ромпидо.