Министерот Адеми се сретна со американскиот амбасадор Волерс

Од:

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска се сретна со амбасадорот на САД во земјата, Пол Волерс, при што разговарале за повеќе активности и проекти, кои се плод на досегашната интензивна соработка помеѓу двете држави во областа на образованието.

Како што соопшти МОН, двајцата во разговорите искажале обостран интерес за понатамошно унапредување на соработката која двете страни ја официјализираа во 1995 година, особено во делот на науката и технологијата.

Министерот Адеми, се наведува, информираше за неколку клучни реформи коишто се спроведуваат, но и се планираат за претстојниот период во насока на унапредување на образовниот систем, како што е реформата на педагошките факултети.

Адеми говорел и за активностите во областа на интегрираното образование и притоа се заблагодари на САД за поддршката во тој дел, особено преку имплементација на проектот на УСАИД за “Меѓуетничка интеграција во образованието“.

Исто така, тој се заблагодарил и за успешното спроведување на Фулбрајт програмата за стипендирање студенти, како и програмата за усовршување и професионално искуство на наставниците.

– Амбасадорот Волерс ја потврди конструктивноста и поддршката којашто САД ќе продолжи да и ја дава на Република Македонија во областа на образованието и во заложбите за градење современ и конкурентен образовен систем, се вели во соопштението од МОН.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование