Реконструирана крајна сообраќајна лента пред автобуското стојалиште „Рекорд“

Од:

Изминативе денови екипите на Градот Скопје извршија реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци.

Станува збор за реконструкција на крајната сообраќајна лента на потег во должина од 60 метри, пред и по автобуското стојалиште.

Со градежните работи беше извршено гребење на стариот вдлабнат и оштетен асфалт и беа нанесени три асфалтни слоја, како и  нова хоризонтална сообраќајна сигнализација на потегот кај  автобуското стојалиште.

На реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, работеа екипите на градежната компанија „Бетон АД“, а Градот Скопје за овој зафат потроши околу милион денари.

Во рамките на проектот за реконструкција на оштетениот коловоз пред поголем број автобуски станици, во моментов градежни работи се извршуваат и на двете автобуски станици на булевар „Кузман Јосифовски – Питу”, како и на булеварот „Крсте Петков Мисирков”, од страната на МАНУ.

Изминатиов период беше извршена реконструкција на оштетениот коловоз пред автобуската станица и од спротивната страна на улицата Димитрие Чуповски.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош