Најмалку 25 лица загинаа, а над 50 се повредени во сообраќајна несреќа на два автобус во јужниот дел на Синајскиот Полуостров во Египет, јави ИТАР-ТАСС.
Несреќата се случила нешто по полноќ на пат на околу 50 километри од Шарм ел Шеик.
Според спасувачките екипи бројот на жртви може да се зголеми. Министерството за здравство на Египет соопшти дека меѓу повредените има Украинка, двајца жители на Саудиска Арабија и еден Јеменец. Тие се пренесени во меѓународна болница во Шарм ел Шеик.