Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга на прес-конференција ќе ги објави најновите резултати од конкурсот за странски издавачи.
Според Министерството, овој проект веќе се потврдува како еден од најпродуктивните за меѓународна промоција на Република Македонија.
На прес-конференцијата ќе бидат присутни и дел од авторите чии дела во наредниот период ќе бидат преведени на некои од светските јазици.