Патот за Македонски Брод преку ЈП „Јасен“ во сабота на 30 август ќе биде прооден според одреден режим поради одржувањето на манифестацијата „Козјак Маратон 2014“.
Како што соопштија од ЈП „Јасен’ од 7 до 12 часот, посетителите без ограничување ќе можат да се движат во правец од Скопје кон Марков Манастир – Нова Брезница – Кула – Коломонт – мост на Близанско – село Близанско на брегот на Акумулацијата каде што ќе се одржува спортска манифестација „Македонски куп во далечинско пливање – Козјак Маратон‘‘ 2014.
Заминувањето на посетителите и учесниците на манифестацијата ќе се одвива од 13 до 21 часот без ограничување само во правец кон Скопје, а режимот на движење ќе го регулира сообраќајната полиција.