ФОТО: Почна гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2014“

Од:

Вчеравечер, на скопскопското Кале, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и официјално го прогласи за отворен седмиот традиционален Гурмански викенд со пиво „ПИВОЛЕНД 2014“.

– Чест и задоволство ми е да Ве поздравам сите и да Ви пожелам добредојде на седмиот традиционален Гурмански викенд со пиво во Скопје –Пиволенд 2014, организиран од Град Скопје, во соработка со Друштвото за угостителство, трговија и услуги „ТЕМОВ ФШТ ДООЕЛ“, Скопје. Скопската тврдина Кале од денес ги отвора вратите за љубителите на пивото и на добрата забава, овозможувајќи петдневно гурманско фестивалско доживување. Среќен сум што овој фестивал од година во година станува се попосетен, па така од денес, па се до недела љубителите на пиво ќе можат да уживаат во 50-тина видови домашни и странски пива и во големиот избор на македонска традиционална храна од различни ресторани. Пет фестивалски денови, големи имиња од македонската музичка сцена кои одамна не сме ги гледале на фестивалите, како и гости од странство, многу пиво, гурманска храна и катчиња за забава, се само дел од она што не очекува на годинешниов „Гурмански викенд“.

Otvoranje na Pivolend 2014 (3)

Фестивалот на пивото, Пиволенд, и оваа година  акцентот го става на македонските пива, македонската храна и македонската музика, а посетителите и годинава можат да уживаат во богатата забавно-музичка програма која е одбрана со цел да задоволи сечиј вкус, со учество на најголемите домашни ѕвезди. Го прогласувам Гурмански викенд 2014 за отворен и ги поканувам сите граѓани на Скопје, но и граѓаните на другите градови од нашава држава, да дојдат и да го посетат овој фестивал, да дегустираат и консумираат пиво, но одговорно.Ви пожелувам убави моменти на дружење и забава на годинешново седмо издание на овој фестивал, на кој посетителите ќе уживаат во вкусот на слатко-горчливиот пијалок, изјави Трајановски.

Otvoranje na Pivolend 2014 (4)

Со настапот на македонската група „Астероид Б 612“, вчеравечер почна седмото издание на традиционалниот фестивал на пивото „ГУРМАНСКИ ВИКЕНД СО ПИВО-ПИВОЛЕНД 2014“. Генерален покровител и на ова издание е Градот Скопје, а за оваа намена од Буџетот се издвоени 200.000 денари. „Пиволенд“  годинава задржувајќи го трендот за поддршка на македонската музика, распиша конкурс за млади и талентирани бендови и артисти од Македонија, конкурсот траеше 10 дена, додека еминентни македонки музичари како дел од жири-комисијата ги одбраа најдобрите. Директно учество на „Пиволенд“ има бендот „Астероид Б 612“ кој победи на „Џифони натпреварот“ за млади таленти одржан во јуни во Градскиот Парк во Скопје. Вчеравечер настапија и Бени и Нон Стоп, Леб и сол, Хроматик Поинт и македонскиот андерграунд бенд  Д Џон.

Otvoranje na Pivolend 2014 (5)

И годинава на едно место, публиката ќе има можност да ужива во легендите на македонската музика:, Мизар, Селимова-Желчевски, популарните поп изведувачи Влатко Лозановски, Тијана Дапчевиќ, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски, Тајзи, Жаре Бербер, Дани Димитровска, Бета Хаус, Тумбао Салса Бенд, Тони Михајловски и Скандал Састаф, како и алтренативните бендови од македонскиот андерграунд: Смат, Сиз, К.У.Р (Културно Уметнички Работници), и Брука.

Otvoranje na Pivolend 2014 (6)

Веќе по традиција, за љубителите на електронската музика и хипхопот, ќе настапуваат Дј Славе и Галактик Експлорерс. За атмосферата да биде што поразиграна ќе се погрижат и МВП од Белград, како и реге составот Јосип А Лисац од Нови Сад. Годинава Пиволенд ќе понуди околу 50 видови пиво, а нашите сограѓани ќе имаат можност да дегустираат дел од нив во наредните пет денови. Пивските брендови кои ќе бидат застапени на овој Пиволенд се: Скопско, Heineken, Amstel, Горско, Златен Даб, Крали Марко, Tuborg, Carlsberg, Битолско, Kenbach, Lasko, Corona, Peroni, Kamenitza, Bitburger, Duvel, Guinness, Kilkenny, Union, Chimay, Hoegaarden, Leffe, Lindemans, Grolsch, Paulaner, Stella Artois, Murphy’s, Staropramen, Jelen Pivo, Erdinger, Schofferhofer, Dab, Raderberger, London Porter, London Price, Hobgoblin, Trooper. Покрај спектарот на пива, фестивалот има, исто така, примамлива понуда на храна. Посетителите ќе можат да уживаат со гурманска скара, салати, риба, како и разни мезиња.

Otvoranje na Pivolend 2014 (1)

Како и секоја година, така и оваа влезот на Пиволенд е бесплатен, а за сите љубители на забавата, повторно ќе бидат организирани катчиња каде што ќе се играат познатите пивски игри. Поради огромниот интерес од младите македонски авторски бендови, артисти и диџеи, организацијата на Пиволенд реши да направи уште еден стејџ, таканаречен  „Фреш“ на кој сите посетители на Пиволенд ќе можат да ги слушнат и видат сите нови македонски музички имиња чиешто време доаѓа.

Otvoranje na Pivolend 2014 (2)

Победниците на конкурсот за млади и неафирмирани македонски бендови и артисти кои ќе добијат можност да настапат на фестивалот ќе бидат:

• Problemsolved

• Smokeshakers

• Tyte (dromrecords)

• Spank

• MarlonBrandoBаnd

• TheAutor 

 

                                                            ПИВОЛЕНД 2014:

 

Четврток 21.08.2014 година

– Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)

– К.У.Р (Културно Уметнички Работници)

– СИЗ

– СМАТ

– Тијана Дапчевиќ

– МВП

– Мизар

 

Петок 22.08.2014 година

– Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)

– Пука Банд Брука

– Тумбао Салса Бенд

– Тајзи

– Тамара

– Дј Славе

– Галактик Експлорерс ( Дј Кокс)

 

Сабота 23.08.2014 година

– Фреш (Победници на конкурсот за млади бендови)

– Димитар Андоновски

– Трибјут 2 Пинк Флојд

– Дани Димитровска

– Јосип А Лисац

– Жаре Бербер

 

Недела 24.08.2014 година

– Бански Старчета

– Селимова-Желчевски

– Влатко Лозановски- Лозано

– Бета Хаус

– Тони Михајловски и Скандал Састаф

Пиволенд 2014, ќе трае до недела 24 август.

Би можело да ве интересира

Прилепски „Пивофест“ од 18 до 21 јули

Ана Ололовска

Пиволенд прераснува во „Skopje beer fest“

Ана Ололовска

Прилеп подготвен за вечерното отворање на „Пивофест“

Ана Ололовска

Почнаа подготовките за „Пивофест 2018“

Ана Ололовска

Дополнителна вечер на „Пиволенд“ со настап на Игор Џамбазов

Наум Локоски

Почна „Пиволенд 2017“

Ана Ололовска