Виетнам сигурно влегува во војна со Кина. Сите азиски земји воодушевено ќе ги поддржат!

Од:

Шефот на здружениот штаб на американската војска Мартин Демпси овие денови предизвика вистинска сензација ненадејно пристигнувајќи во посета на Виетнам. Со тоа генерал Демпси, со највисок чин во американската војкса кој 40 години по завршетокот на крвавата американско-виетнамска војна во која загинаа 58.220 американски војници и околу милион виетнамски цивили и војници, само потврди дека во Азија, од почетокот на оваа година, дојде до драматичен и воен пресврт каков до сега светот не видел.

До неочекувано рушење на политичките и воените бариери меѓу САД и Виетнам, поранешни смртни непријатели, дојде благодарение на отпорот на Ханој на кинеската експанзија во Јужното кинеско море.

Имено, Пекинг инсталираше платформа за истражување на нафта во близина на виетнамскиот брег и наспроти инсистирањето на Ханој, не сакаше да ја демонтира. Тоа пак предизвика крвави демонстрации ширум Виетнам во кои беа убиени неколку, а ранети над сто кинески работници. Илјадници кинески семејства во паника ја напуштија таа земја. Со оглед на тоа дека Виетнам има над 100 милиони жители и дека покажа подготвеност да се спротивстави на Кина околу спорот за Јужното кинеско море, по кое минува една од најважните морски трговски рути, САД, но и Јапонија веднаш се одлучија да пружат помош. Генерал Демпси призна дека неговата посета на Виетнам е последица на кинеските провокации па најави укинување на санкциите и ублажување на военото ембарго кон таа земја. Но, Јапонија беше побрза и веќе на Виетнам подари шест патролни бродови за крајбрежната стража.

Пресврт

Два месеца порано се случи посета која имаше сличен ефект од пресвртот како и престојот на генерал Демпси во Ханој. Претседателот Кси Џинпинг е единствен кинески шеф на државата кој прво не ја посетил Северна Кореја ниту диктаторот Ким Јонг Ун го поканил во Пекинг. Наместо тоа, за своја прва посета ја избрал Јужна Кореја, значи, непријател на Северна Кореја и со тоа демонстрирал дека Кина повеќе не ја поддржува суровата власт на Ким Јонг Ун и неговите амбиции да создаде атомско оружје.

За посетата на Сеул Кси Џинпинг истакна дека низ историјата Кина и Јужна Кореја секогаш рамо до рамо се бореле против империјалистичките стремежи на Јапонија, а во воздух, иако тоа не го повторил, лебделе зборови кои неодамна ги изговорил во Лондон, згрозувајќи ги тамошните соговорници, дека мнозинскиот кинески народ Хан во својата ДНК нема гени на насилство. Не било тешко да се види дека алудирал дека тој ген го имаат Јапонците, па поради тоа никогаш не смее да се дозволи повторно да ја зајакнат својата воена сила.

Таквите остри истапи на кинескиот претседател, како и фактот дека Сеул има многу подобри односи со Пекинг отколку со Токио, иако Јужна Кореја и Кина имаат целосно различни политички и економски системи, за разлика од Јапонија со која Сеул дели исти политички ставови, а САД им е заеднички политички и воен спонзор, последица се промените до кои дојде во надворешнополитичката стратегија на Јапонија. Односите меѓу Кина и Јужна Кореја од една и Јапонија од друга страна драматично се заладија откако пред летото владата на премиерот Шинзо Абе донесе одлука за поинакво толкување на пацифистичкиот устав од 1945 година, кој го наметнаа Американците. Тој устав ограничуваше јакнење на вооружените сили и ги загрижуваше јапонските војници да учествуваат во акции надвор од земјата.

Со најновата интерпретација уставот на Јапонија ќе може да има многу поактивна воена и политичка улога во Азија, дозволено е со оружје да помага на сојузниците, а ќе може да произведува оружје и за извоз и да ја засили разузнавачката активност во странство. Се под главното мото на премиерот Абе: Јапонија се врати.

Крај на пацифизмот

Во Токио е заклучено дека мора да се промени досегашната пацифистичка позиција бидејќи безбедноста на Јапонија па и на светот е загрозена со оружје за масовно уништување, балистички ракети, тероризам, хакерски сајбер напади. Посебно ги загрижува атомска опасност која се заканува од Северна Кореја, бидејќи од почетокот на годината таа земја испали 20 ракети од среден и долг дострел. Јапонија ја мачи и постојаниот раст на кинескиот воен буџет како и амбициите на Пекинг да стане воен и политички лидер во Азија.

Исто така, бидејќи неговата трговија со светот се одвива со бродови, смета дека е должен да обезбеди отворено и стабилно море. А тоа денес е крајно несигурно поради постојаните инциденти меѓу кинеските, севернокорејските, виетнамските, филипинските и тајландските воени бродови. Сето тоа, оценуваат во Токио, може да доведе до ескалација на судирите во Источното и Јужното Кинеско Море на кое Јапонија до сега не можеше ни да влијае ни да реагира.

Премиерот Абе исто така тврди дека Јапонија е повикана да ги брани принципите на слободата, демократијата, човековите права, значи вредности кои целосно се занемарени во Кина и Северна Кореја.

За да ги објасни промените во надворешнополитичката стратегија, јапонскиот премиер Абе стана светски рекордер меѓу политичарите: во помалку од две години официјално посети дури 47 земји, меѓу кои 24 се држави кои ги посетил кинескиот претседател Кси Џинпинг.
Режимот во Пјонгјанг веднаш остро реагираше на патувањето на кинескиот претседател во Сеул.

Иако Северна Кореја остварува 90 отсто од надворешнотрговската размена со Кина и многу зависи од нејзината помош во храна и енергија, пред доаѓањето на кинеската делегација во Сеул демонстративно лансираше две ракети со дострел од 500 километри, така испрати јасно предупредување до Пекинг и Сеул со каков воен арсенал располага. Истовремено, Ким Јонг-Ун ги обвини јужнокорејските компании дека, делејќи Чоко Пај чоколади на севернокорејските работници кои во Каесонг, град на границата меѓу двете држави, работат за нив, го подриваат економскиот систем на земјата, бидејќи тие не ги јадат туку ги продаваат на црно. И секако, им забрани на севернокорејските работници да примаат подароци од злобните капиталисти.

Истовремено, поради антијапонското сојузништво на Пекинг и Сеул, Токио и Пјонгјанг се видоа загрозени па по 10 години замрзнати односи неодамна почнаа преговори. Така Токио, откако ја поддржи Виетнам, направи уште еден преседан.

Откако Пјонгјанг вети дека ќе испита што се случило со десетици јапонски државјани кои меѓу 70-тите и 80-тите години од минатиот век, ги киднапираа севернокорејски разузнавачи, Токио веднаш ги олесни санкциите кон Северна Кореја. Ја укина забраната за влез на севернокорејски бродови во нивните пристаништа и го олесни трансферот на пари.

Но ако Јапонците и Јужнокорејците немаа никакви илузии за тоа со кого имаат работа, севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-Ун нареди од 1 август, значи по постигнатиот договор со Токио, да испали далекусежна ракета во Јапонското море, а на денот на неодамнешната посета на папата Франц во Сеул лансираше уште две ракети од среден дострел.

Империјалистички амбиции

И додека Кина и Јужна Кореја ја обвинуваат Јапонија дека ги оживува старите империјалистички амбиции, дел од азиските држави ја поддржуваат политиката на проактивен придонес за мирот. Токио до сега го поддржаа Индонезија, Сингапур, Камбоџа, значи држави кои се чувствуваат загрозени од растот на кинеското политичко и воено влијание во регионот и кои воено и политички силната Јапонија ја доживуваат како брана на прекумерните кинески амбиции. Виетнам и Филипини, кои имаат постојани вооружени инциденти со Кина која ја обвинуваат дека сака да им ги земе островите во Јужното кинеско море, најмногу ја охрабруваат Јапонија да преземе силна воена и политичка улога во Азија. Јапонската желба да се спротивстави на кинеската експанзија ја поддржаа и САД, Австралија, Нов Зеланд, но и некои членки на ЕУ.

Бидејќи Јапонија повеќе не крие дека сака да создаде нова безбедносна архитектура во регионот која ќе и обезбеди заштита на територијалниот интегритет и морски патишта, а тоа е во целосна спротивност со кинеската воена и надворешнополитичка стратегија, може да се очекува дека тензиите во тој дел од светот, со оглед на тоа дека кинеската и јапонската сенка го надвиваат целото тоа подрачје преполно со нерешени гранични, малцински и политички прашања, секој ден се повеќе ќе се зголемуваат.

Јутарњи лист – Загреб

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени