Хамас тврди дека ракетирал израелски гасни инсталации

Од:

Палестинското исламистичко движење Хамас денеска соопшти дека истрелало две ракети од Појасот Газа врз израелски гасни инсталации на триесетина километри од брегот на Средоземно Море, што е првиот напад од овој вид, јавија израелските медиуми.

Израелската армија соопшти дека нема информации дека ракети ја погодиле гасната платформа во морето.

Военото крило на Хамас на својот сајт објави дека две ракети биле истрелани врз гасното наоѓалиште Ноу, чии сопственици се компаниите „Делек“ и „Нобл Енерџи“.

Портпаролот на „Нобл Енерџи“ изјави дека работата на платформата се одвива според вообичаената рутина.

Израелските медиуми наведуваат дека Ноу се наоѓа на дострел на ракетите на Хамас, но дека тие се непрецизни и дека се мали шансите да погодат мала платформа на море.

Од друга страна, имајќи предвид дека гасните резерви привлекоа значајни странски инвестиции, на Израел му е многу важно да ја гарантира нивната безбедност и се верува дека нив ги чува Воената морнарицата, иако не се сооштуваат детали за тоа.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски