Шумахер ќе остане инвалид до крајот на животот?

Од:

Еден од најпознатите светски специјалисти – невролози, Ерих Ридерер, се сомнева дека Михаел Шумахер ќе може целосно да закрепне од несреќата која му се случи на 29 декември минатата година на скијање. Ридерер смета дека славниот возач на Ф1 доживеал трајни оштетувања и дека ќе биде голем успех ако може сам да извршува некои основни функции.

„За жал, Михаел ќе остане инвалид до крајот на животот, ќе биде зависен од други луѓе. Тој доживеал трајни оштетувања и ќе биде голем успех ако може самиот да седне без туѓа помош во следните три месеци или да управува со електрична количка во следните шест“, рекол лекарот.

Сепак, познатиот невролог вели дека е големо охрабрување тоа што Шумахер се разбудил од кома после шест месеци.

„Тоа е неверојатно позитивна порака кога некој ќе се разбуди од кома после помалку од една година“, додава тој

Медицинските експерти и претходно предупредуваа дека еден од десет пациенти кои ќе минат толкав период во кома успеваат да закрепнат комплетно или да ги вратат поголем дел од своите ментални и физички капацитети.

Би можело да ве интересира

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Тод: Го видов Шумахер, се надевам дека целиот свет ќе може да го стори истото

Ландов

Семејство Шумахер: Можете да бидете сигурни дека Михаел е во најдобрите раце

Наум Локоски

„Дејли мејл“: Шумахер не е веќе „врзан“ за кревет

Наум Локоски

Мик Шумахер ќе вози во Формула 2 во 2019 година

Наум Локоски

Менаџерката на Шумахер: Здравјето на Михаел е семејна тајна

Наум Локоски