Убиен тигар убиец во Индија

Од:

Тигарот кој уби седум луѓе во изминатите шест месеци во Западна Индија, е пронајден и убиен од шумските работници. Ова е трет убиен тигар кој убиваше луѓе, во последните седум години.

Нападите од „тигарот-човекојадец“ се случуваа во густата шума во Чандрапур, во индиската сојузна држава Мархараштра, каде се верува дека има околу сто тигри.

Бројот на жртвите од нападите на тигрите-човекојадци постојно се зголемува, секоја година, па само во изминатите осум месеци од годинава, 17 лица се нападнате и убиени од овие животни.

Во цела Индија се верува дека има уште 1700 тигри, но пред сто години, нивниот број изнесувал преку 100 илјади. Бројот на овие животни постојано се намалува, како последица на намалување на прашумите, со нивна експлоатација, изградба на патишта и со населувањето на луѓето.

Реони кои пред еден век беа целосно ненаселени сега се изполнети со голем број села и со население кое стопанисува со шумите, било одејќи во лов за да се обезбеди храна, било за да се работи.

Речиси сите жртви на нападите на тигрите-човекојадци се локални селани кои ловеле, или работеле во крајните делови од прашумата.

Експерти објаснуваат дека урбанизацијата на индиските шуми предизвикува своевиден судир меѓу животните и луѓето, околу изворите на храна, па тигрите кои се поагресувни,ги напаѓаат луѓето на кои же наидат во шумата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати