Тениските репрезентации на Чешка и Шпанија ќе играат во финалето во Дејвис купот.
Чесите до финалето ги однесе Томаш Бердих, кој го освои решавачкиот трет поен, нешто слично на дуелот Шпанија-САД направи Давид Ферер кој го победи Џон Изнер.
Бердих во решавачкиот меч со 3:0 го победи Карлос Берлок, откако Хуан Мартин дел Потро го откажа настапот поради повреда.
Третиот поен за Шпанија го донесе Давид Ферер со победата над Американецот Џон Изнер со 3:1 во сетови.
Финалето во Дејвис купот ќе се одигра од 16-ти до 18-ти ноември, а домаќин ќе биде Чешка.