Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска побара организирање на меѓународна конференција за справување со проблемот со сунитската џихадистичка група Исламска држава, под чија контрола се делови на Сирија и на Ирак.
– Не можаме повеќе да се придржуваме кон традиционалната дебата за мешање или немешање, истакна Оланд во интервју за „Монд“.
Францускиот претседател апелира за создавање на стратегија за борба со Исламската држава која „има структура, значително финансирање, многу модерно оружје и им се заканува на Ирак, на Сирија и на Либан.